Во Англија не се прилагоди, а во МЛС добива неверојатна плата!

Може да се каже дека престојот на Џози Алтидор во ПЛ не беше успешен. Тој прв пат во Англија заигра во дреост на Хал кога во 28 натпревари постигна само 1 гол.

Тогаш тој стигна на позајмица од Виљареал, а во ПЛ се врати повторно во 2013-та година по одличната сезона во АЗ Алкмар пристигна во Сандерленд.

Сепак, ниту таму тој не ги оправда очекувањата. Тој во 42 натпревари постигна само 1 гол, па се пресели во Торонто.

А откако беше објавена листата на најплатени имиња за 2017-та во МЛС лигата, навивачите на Сандерленд ќе бидат изненадени.

Тој добива 4.875 милиони долари годишно.

Во МЛС лигата, само Бредли, Џовинко, Како, Пирло, Швајнштајгер и Виља имаат поголема плата од него.