Во Интер изненадени кога дознале што Икарди прави „на своја рака“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди вчера разговаал со Лучијано Спалети и играчите на Интер  и донел докази дека навистина е повреден.

Икарди веќе неколку седмици не игра за Интер, а се започна откако му беше одземена капитенската лента, бидејќи веќе со месеци го одолговлекува потписот за нов договор.

Тој најпрво тврдеше дека е повреден и дека навистина има причина што не игра, но Интер тогаш направи медицински прегледи каде што се утврди дека коленото на Икарди е во најдобар ред.

Тој вчера дошол на Меаца со цел да поразговара со Спалети и соиграчите и да им објасни дека навистина е повреден. Тој донел докази дека не може да игра поради коленото, но потоа го изненадил Спалети бидејќи му открил дека брзо ќе се врати.

Во Интер воопшто не знаеле дека Икарди тренира сам со цел да го започне процесот на опоравување. Овој 26-годишник тренира далеку од тимот на Интер и не е познато дали клубот ќе го казни и поради тоа.