Во Лестер слават, а само Морган е загрижен!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Прославата на тимот на Лестер по пласманот во ¼-финалето на ЛШ би можел да ја расипе можната казна на УЕФА.

Лестер во вторникот ја елиминираа Севиља откако на домашен терен победија со 2:0, а за голот за водство се погрижи Вес Морган и така стана првиот играч на Јамајка кој погодил во ЛШ.

Посебно беше интересен начинот на кој тој го прослави голот. Тој имитираше гледање низ телескоп, а од УЕФА претпоставија дека на тој начин го рекламирал својот личен спонзор.

Заштитниот знак на Морган е пират, а токму гледањето низ телескоп го поврзаа од УЕФА со тоа.

Според медиумите, фудбалерот на крајот би можел да биде парично казнет.