До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Елаквим Мангала замина во Ливерпул, но не во тимот на Клоп, туку во другиот тим кој ни доаѓа од Ливерпул, а тоа е Евертон.
Во следните шест месеци ќе игра на позајмица во Евертон затоа што не можеше да се избори за место во првиот тим на Манчестер Сити.
Досега одигра девет натпревари за Сити во ПЛ, а интересно е тоа што оваа година (2018) не одигра ниту еден натпревар.
26-годишниот фудбалер во 2014 година пристигна за 40 милиони евра од Порто, но не успеа да се избори за првиот тим.









