Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главниот инжинер на Ферари, Џок Клир вели дека моментално не може да процени дали болидот на Ферари е побрз од тој на Мерцедес и покрај победата на Фетел на стартот на сезоната.
По победата на Фетел во првата трка во Ф1, Волф изјави:
„Некогаш победуваш, некогаш губиш. А денес Ферари имаше побрз болид.“
Сепак, Клир е убеден дека не е така.
„Да влегоа во тесна борба во некој момент можеби ќе видевме кој е побрз. Искрено, не можам да кажам кој болид беше побрз затоа што не ми изгледа ниту еден од нив дека имаше шанса да покаже што може под притисок.“
„На почетокот на трката Луис го диктираше темпото затоа што тоа беше вистинска работа, а кога Фетел го превзема водството, тој на останатите им го наметна својот ритам. Мислам дека сеуште не го знаеме одговорот на прашањето кој е побрз. Но знаеме дека победивме.“