Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса во ова лето стигна во Интер од Сантос како големо засилување.
Габигол имаше понуди од неколку европски гиганти, но на крајот се одлучи за својата кариера да ја продолжи во дресот на Интер.
Сепак, овој Бразилец во оваа сезона во италијанската Серија А одигра само 13 минути.
Неговиот агент Вагнер Риберио изјави дека Габигол моментално е многу несреќен во Интер, и дека му е криво што тренерот не му дава шанса да се докаже на теренот.
„Многу е несреќен во овој момент. Нема никакви проблеми со соиграчите, на него проблем му е што не доби шанса да се докаже на теренот.
Сакаме ова да се реши во јануари со цел да знаеме што да работиме. Габигол нема да остане во Интер доколку Пиоли не му даде шанса за докажување“, рече Риберио.