Гвардиола апелира да се смени едно фудбалско правило


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола кој го води тимот на Манчестер Сити, сака да смени едно фудбалско правило.

Откако претседателот на ФИФА, Инфантино изјави дека СП ќе се прошири од 32 учесници на 48, прв реагираше Гвардиола кој смета дека тоа оди на штета на фудбалерите.

„Овие промени ќе ги убијат фудбалерите. Бараме квалитет, а забораваме дека играчите се многу уморни. Тие пред се, се под голем притисок бидејќи играат се повеќе натпревари. Секако дека мора да ја прифатиме одлуката на ФИФА, но не сме среќни што се инсистира на квантитет, а не на квалитет.“

Тој исто така апелираше да се смени едно фудбалско правило кое би можело да им помогне на фудбалерите да се одморат и кое би ја намалило можноста од повреди.

„По натпревар имаме само 3 измени. Зошто да немаме 4, 5 или 6? Тренерите на тој начин би можеле да користат различни тактики, а фудбалерите повеќе би биле вклучени во игра. Исто така, би го намалиле бројот на повреди, а би имало се повеќе неизвесни натпревари.“