Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда, Бејл кариерата ќе ја продолжи во редовите на Манчестер Јунајтед со кои веќе договорил соработка.
Инда донесува информација дека раководството на Црвените Ѓаволи претходните денови разговарало со Велшанецот и на крајот се договориле тој да премине во тимот од Олд Трафорд.
Комплетната работа наскоро би требало да биде и официјализирана, а Реал за услугите на фудбалерот ќе инкасира 104 милиони фунти, што е секако добра сума со обзир на формата во која се наоѓа Бејл.
Велшанецот во текот на неговите шест години во Мадрид често беше надвор од терените поради повреди, но и покрај тоа учествуваше во освојување на многу трофеи и може да се каже дека и тоа како имаше успешни моменти на Сантијаго Бернабеу.
Со Кралевите освои четири трофеи во ЛШ, Ла Лига, Купот на Кралот и три троефи во УЕФА Супер Купот.
Бејл во Реал стигна од Тотенхем во 2013. година за 91 милион евра.
Вкупно има 223 настапи за Реал и има постигнато 101 погодок.
Претходно ги носеше дресовите на Тотенхем и Саутепмтон.