Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Рајан Гигс во ексклузивна изјава за Скај Спортс истакна дека е заинтересиран за испразнетите менаџерски позиции во Лестер и Евертон.
„Лестер пред две сезони беа шампиони. Евертон е фантастичен клуб со фантастична историја. За мене, ова се клубови за кои сум заинтересиран. Како и да е, има многу тренери кои се заинтересирани за овие позиции. Веќе кажав претходно, отворен сум за клубовите кои ја имаат истата амбиција како мојата. Сакам да ги подобрам клубовите, но и играчите, да уживам работејќи за нив, а играчите да уживаат во предизвикот“- коментираше Гигс.
Рајан Гигс се уште нема перманентна работа како менаџер откако претходно на четири натпревари го водеше Манчестер Јунајтед по отказот на Дејвид Мојс, а потоа беше асистент на Луи Ван Гал на клупата на „Црвените ѓаволи“.