Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе стартува од првата позиција за Големата награда (ГН) на Кина, а местото до него го има тимскиот колега Кими Раиконен.
Иако доцнеше зад Раиконен до финишот, Германецот беше одличен во последниот дел и со време 1:31.095 стигна до втората пол позиција во оваа сезона.
Раиконен мораше да се задоволи со втората позиција со задоцнување од 0.087 секунди додека третото место го обезбеди Валтери Ботас од Мерцедес со 1:31.625.
Четвртата позиција му припадна на Луис Хамилтон со време 1:31.675.
INITIAL CLASSIFICATION (Q3)
Vettel pips Raikkonen right at the end to take pole, with a new lap record ?#F1 #Quali #ChineseGP ?? pic.twitter.com/wAYMA8l2fB
— Formula 1 (@F1) April 14, 2018