Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот е казнер поради остар старт на натпреварот против Лион.
Пред неколку денови ПСЖ беше поразен во Лион во првенството, а Алвес во продолженијата заработи директен црвен картон.
Дисциплинската комисија на францускиот фудбалски сојуз го казни со три натпревари, а тоа го шокираше Алвес, кој сега мора на кратка пауза.
Поранешниот играч на Барселона и Јувентус ќе ги пропушти натпреварите против Монпеље, Лил и Тулуз.
Оваа сезона тој одигра 15 натпревари во Лига 1 и имаше пет асистенции.