Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што е објавено на официјалниот сајт на Јуве, Роналдо денес тренирал одвоено од тимот.
Причина за тоа е повредата на левиот глужд, поради кој би можел да го пропушти дербито против Наполи во рамките од Серија А.
Надвор од тимот е и Даглас Коста, а се очекува Португалецот утре да направи детални прегледи, па ќе се знаат поточни детали и дали ќе биде подготвен за дуелот против Наполи, кој би можел да го донесе и дефинитивниот одговор во борба за титулата.
Голема дилема е пред Алегри. Јасно е дека би салал да го има на располагање најдобриот стрелец во италијанскиот шампионат, но после ова „Бјанконерите“ ги очекуваат неколку важни натпревари во Серија А, а исто така и реванш мечот во 1/8 финалето од ЛШ против Атлетико Мадрид.
Ќе ги видиме најпрво деталите од медицинските прегледи, а потоа и дали Алегри е спремен да ризикува со тимот на Карло Анчелоти.