Господин во копачки: Н’Голо Канте го воодушеви фудбалскиот свет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челси вчера на гости го победи Фулам со 2-1 во рамките на 29. коло од англиската Премиер лига.

Плавите со доста среќа дојдоа до нови три бода, бидејќи Фулам во завршницата на мечот пропушти неколку одлични прилики. Деталот кој го одбележа мечот се случи во самиот финиш, а во центарот на вниманието се најде играчот на Челси, Н’Голо Канте.

Во еден од нападите на Плавите, Канте беше во казнениот простор и случајно го удари левиот бек на Фулам во главата кој остана да лежи на теренот.

Судијата не реагираше, но Канте веднаш побара играта да се запре иако неговиот тим дојде до топка, па со ова го воодушеви фудбалскиот свет.

Судијата ја прекина играта, а на играчот на Фулам му беше укажана  помош. Домашните навивачи поради оваа реакција на Канте го наградија со аплауз.