Готово? Челси има нов стопер, Пеп ќе ја земе својата голема желба, Венгер повторно извиси?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Приказната изгледа е завршена, а тоа е отворена врата и за Манчестер Сити за доведување на нов одбранбен играч!

Челси ја заврши работата, Вирџил Ван Дајк изгледа е на вратите на Стенфорд Бриџ.

Саутемптон навопдно прифати на понудата на Сините, се работи за околу 50 милиони евра, а на Сент Мери ќе замине и суперталентираниот Данец Кристенсен кој блеска во Бундеслигата.

Со тоа Конте ја доби трката со останатите англиски клубови за Холанѓанецот, кој поради повреда ја заврши сезоната, но ќе биде спремен за почетокот на подготовките.

Венгер повторно остана со празни раце, иако имаше намера со 150 000 фунти неделно да го направи Ван Дајк еден од најплатените играчи во екипата.

Исто така, Сити сега ќе се сврти на Бонучи од Јувентус кој е доведуван во врска со Конте.

Сигурно е дека Сините ќе мора да платат околу 60 милиони евра за Италијанецот кој вчера го прослави својот 30 роденден.

Во минатата година таа понуда е одбиена, но сега Јувентус сака да го продаде својот лидер во одбраната кој Пеп го нарече најдобар дефанзивец на светот.

Го имаат Ругани, го доведоа Калдара од Аталанта, а ќе се оддолжат и на Бонучи кој може да заработува дупло повеќе пари отколку во Јувентус ако ја прифати понудата на Сити.

Во секој случај, ќе видиме вистински валцер на стопери, бидејќи и Арсенал и Манчестер Јунајтед бараат дефанзивец, а Челси ќе го продаде и Курт Зума, ако стигне Ван Дајк бидејќи е јасно дека 22-годишниот Французин ќе биде вишок во тимот на Конте.