Го посакуваат Милан, Јувентус, Интер, ПСЖ, но тој реши да се пресели во Премиерлигата!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младата ѕвезда на Фиорентина, Федерико Кјеза наскоро би можел да направи голем трансфер во својата кариера и да ја напушти Фиорентина, каде што игра во неверојатна форма.

Според „Сан“, тренерот на Тотенхем Маурицио Покетино го гледа Кјеза како едно од главните засилувања за својот тим на крајот на сезоната.

Дури во октомври, синот на легендарниот Енрик Кјеза, ќе наполни 21 година, а веќе одигра 100 натпревари за тимот и 11 во дресот на сениорската репрезентација на Италија, па на многумина им е познат неговиот квалитет.

Досега сезонава, Кјеза потигна 11 голови и запиша осум асистенции во 29 настапи за тимот од Фиренца, па поради тоа го привлече интересот на Јувентус, Интер, Челси, Наполи, Милан, наводно и ПСЖ, но Тотенхем за него е подготвен да плати 70 милиони евра.