Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги побарав документите, 99% повеќе не сум фудбалер на Црвена Звезда“, изјави Давид Бабунски.
Уште детали го делат Давид Бабунски од заминување од Црвена Звезда. Поранешниот фудбалер на Барселона побара раскинување на договорот со црвено-белите.
Бабунски одигра само 11 натпревари за Црвена Звезда. Не се запиша во листата на стрелци, ниту успеа да се избори за место. Не доби шанса во континуитет.
„Побарав раскинување на договорот. Можам слободно да кажам дека 99% повеќе не сум фудбалер на Црвена Звезда. Моментално сум на одмор во Австралија, така да не следам вести. Знам дека во Звезда некои работи нема да се променат, па за мене е најдобро да го променам клубот“, изјави Бабунски.