Дали е ова паметен потег на Гвардиола – Враќање на отпишаниот во Сити?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Гвардиола по доаѓањето во Сити минатото лето направи многу измени во екипата.

Сити летово го напуштија Џо Харт и Мангала кои заминаа на позајмица. Харт на 1-годишна позајмица во Торино, а Мангала во Валенсија.

Иако Харт најверојатно нема да се враќа, во случајот со Мангала е поинаку.

Медиумите пренесоа вест дека Гвардиола сериозно размислува да му даде шанса на Мангала. Овој одбранбен играч се подготвува да биде стандарден во подготвителните натпревари.

Валенсија изјави дека постојат мали шанси да го откупат договорот на Мангала на крајот на оваа сезона затоа што Сити бара 16 милиони фунти.