Дали е познат наследникот на Филип Лам?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Дали Бенјамин Хенрикс е новиот Филип Лам?

Откако Филип Лам соопшти дека од ова лето сака да ја заврши кариерата, година дена пред истекот на договорот, челниците на Баерн веќе се во потрага за замена.

Германски „Спорт Билд“ наведува дека се големи шансите за на негово место да дојде младиот играч за врска на Баер Леверкузен Бенјамин Хенрикс.

Најтрофејниот германски клуб веќе отпочна преговори со Баер, за 19-годишниот репрезентативец да го осигура веќе во следниот преоден рок.

Првобитна намера беше овој млад играч да биде доведен во Минхен во 2018 година, но одлуката на Лам за привремено завршување на кариерата целата работа ја направи итна.

Хенрикс на крајот на минатата сезона осигура место во првиот тим на Баер. Во досегашниот тек од сезоната одигра 17 натпревари во рамките на Бундеслигата и шест во рамките на ЛШ.

За репрезентацијата дебитираше во минатиот ноември во натпреварот против Сан Марино (8:0) во рамктие на квалификациите за СП. Неговата моментална вредност е 10 милиони евра.