Двајца Македонци во изборот на „GOAL“ за најголеми таленти на Балканот

Германското издание на еден од најдобрите интернет медиуми Goal.com направи проценка пред кои играчи до 20 години претстои светла иднина.

На листата доминираат хрватските играчи, а меѓу нив ги има и нашите таленти Елиф Елмас кој ова лето направи трансфер во Фенербахче, како и Никола Ѓорѓев кој исто така од ова лето е член на холандскиот тим на Твенте.

Еве ја комплетната листа на најталентирани млади играчи од Балканот:

Елиф Елмас – 17 години, Фенербахчe/ Македонија

Валдрин Мустафа- 19 години, Кајзерслаутерн/ Албанија

Марин Понгарчиќ- 19 години, РБ Салцбург/ Хрватска

Никола Власиќ- 19 години, Евертон/ Хрватска

Ермедин Демировиќ- 19 години, Алавеш Б/ БиХ

Мерис Скендеровиќ- 19 години, Хофенхајм/ Црна Гора

Никола Миленковиќ- 19 години, Фиорентина/ Србија

Анте Чориќ- 20 години, Динамо Загреб/ Хрватска

Лазар Царевиќ- 18 години, Барселона Б/ Црна Гора

Амер Гојак- 20 години, Динамо Загреб/ БиХ

Никола Моро- 19 години, Динамо Загреб/ Хрватска

Никола Ѓорѓев- 20 години, Твенте/ Македонија

Вања Милинковиќ Савиќ-  20 години, Торино/ Србија

Јосип Брекало- 19 години, Штутгарт/ Хрватска