Вардар конечно победи, жестока битка за опстанок

Денеска на програмата беше 35. коло од Првата македонска фудбалска лига во која видовме неколку драматични натпревари.

Во директната битка за излез во Европа, Работнички и Силекс ремизираа без голови, додека пак во директната битка за опстанок Скопје славеше против Победа со 1:0.

Пелистер беше поразен од Шкупи и падна на последната позиција на табелата, а Шкендија продолжи да ги меле противниците. Овој пат на менито на новиот шампион беше тимот на Ренова кој беше поразен со 3:0. Вардар конечно славеше победа и ја совлада Академија Пандев со 3:2.