Ден на одлука за Милан, Бонучи ја чека одлуката во Лозана, трампа со Челси?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес во Лозана ќе се одлучува за судбината на Милан.

Имено, во 9,30 клубот ќе ја претстави својата жалба односно аргументите, ќе се работи се до 15 часот, а вечерва ќе биде позната одлуката.

Ќе видиме каква одлука ќе се донесе денес, дали нешто ќе промени заминувањето на кинеските сопственици.

Од одлуката зависат многу работи, пред сите чека капитенот Леонардо Бонучи. Ако казната остане, тој би можел веќе викендот да потпише за ПСЖ за 40 милиони евра.

Во меѓувреме Милан наводно понудил размена со Челси, кој ќе бараат голман, затоа што Куртоа веројатно ќе го напушти клубот. Имено, тие ќе го понудат Донарума за Мората.

Со ова би добиле средства, односно со заминувањето на Бонучи и Донарума фондот за плати би се намалил и ќе можат да си дозволат трансфер на Мората и ќе му понудат приближна плата како во Челси.

Се чека одговор од Челси.