Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По многу разговори во врска со трансферите, медиумите во Англија истражуваа кои клубови спаѓаат помеѓу најголемите губитници во таа категорија.
Многу трансфери биле пред реализација, но во последен час не се случиле.
Ако се реализирале некои од тие трансфери, фудбалот денес ќе изгледаше поинаку.
Во продолжение погледнете ја листата од 10 трансфери кои пропаднаа во последен час.
- Златан Ибрахимовиќ – Арсенал
Ибра во 2000 година се наоѓаше во преговори со Арсенал. Венгер беше импресиониран со него, а дури му подари и дрес на Арсенал со број 9 и негово презиме на грбот.
Откако Ибра дозна дека тој дрес Венгер го дели со сите кои ќе стигнат во Лондон и дека треба да се докаже на проба, тој ја одби понудата и изјави.
„Нема шанси, Златан не оди на проби!“
- Габриел Батистута – Фулам
Легендарниот играч во 2002 година беше на прагот до Фулам. Батистута сакаше да ја напушти Рома и да се проба во Англија, поточно во Фулам кој беше заинтересиран, но тоа не се случи.
Жан Тиган одлучи да ги прекине преговорите и да им даде шанса на младите фудбалери како Луис Саха, Калум Вилок…
- Диего Марадона – Шефилд Јунајтед
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше можност да заигра во Англија. Во 1978 година трансфер од Аргентина бил договорен и Шефилд требало да плати 200.000 фунти, меѓутоа ти се предомислиле во последен час.
Најдоа многу „подобар и поефтин“ фудбалер, а за 160.000 фунти стигна анонимниот Алекс Сабел кој не успеа да ја надмине славата на Марадона.
- Роберто Карлос – Астон Вила
Малку недостигаше во минатото во Астон Вила да заигра Роберто Карлос. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид била мета на Астон Вила и малку недостигало да постигнат договор, но против трансферот бил поранешниот тренер Брајан Литл.
- Роналдињо – Сент Мирен
Кога во 2001 година премина во Европа во ПСЖ, малку недостигаше да заигра во Шкотска. Тогаш непознатиот фудбалер требаше одредено време да помине во Ст. Мирен и беше заинтересиран за таа опција, меѓутоа не дојде до позајмица.
Роналдињо во Франција остана 2 години и потоа премина во Барселона.
- Роберт Левандовски – Блекбурн
Еден од најбизарните трансфери кои пропадна. Беше 2008 година кога Левандовски го започна својот сон играјќи за Лех. Во тоа време тој играше одлично и беше прашање на време кога ќе го смени клубот, а најупорен во борбата беше Блекбурн.
Англискиот клуб се подготви, но за жал се случи вулканот во Исланд кој ги симна скоро сите европски летови кон Англија, па така и летот на Роберт. Во тие моменти се појави Борусија и го зема Левандовски.
- Радамел Фалкао – Астон Вила
Астон Вила во 2008 година имала можност да го земе Радамел Фалкао за 5 милиони фунти. Поранешниот тренер Мартин О`Нил не бил подготвен да плати толку пари за играчот кој играше за Ривер Плејт, па го донесе Емил Хески.
Следна дестинација за Фалкао беше Порто, а играше уште и за Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед и Челси.
- Зинедин Зидан – Блекбурн
Кога во 1995 година тренерот на Блекбурн сакаше да го донесе Зинедин Зидан, директорот на клубот Џек Вокер му го постави прашањет.
„Зошто би го донел него кога во тимот го имаш Тим Шервуд?“
Заедно со сегашниот тренер на Реал Мадрид во пакет требаше да потпише и Кристоф Дугари.
- Филип Лам – Рапид Виена
Колку и да звучи неверојатно, Филип Лам немал секогаш загарантирано место во Баерн. Многумина во минатото го сметаа за играч без перспектива и едно време требаше да замине во Рапид, а иако се беше договорено, тимот од Виена се предомисли и го сопре трансферот.
Лам потоа беше префрлен во Штутгарт, а по докажувањето во овој клуб, се врати во Баерн каде што си го осигура своето место во тимот.
- Павел Недвед – Дуизбург
Германскиот тим во 1996 година бил подготвен да го донесе Павел Недвед. Во тоа време Недвед не уживаше во големата репутација, а откако доби понуда од Дуизбург, сакаше да почека да заврши ЕП и тогаш да потпише.
Сепак, на негова среќа со одличните игри стигна понуда од Лацио која не ја пропушти.