Де Шиљо нападнат и навредуван по натпреварот на „Сан Сиро“!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Милан, Де Шиљо доби големи навреди за време на натпреварот против Емполи.

Овој 24-годишен фудбалер одби да го продолжи договорот и побара трансфер во Јувентус.

Денес Монтела одлучи да го замени, а кога го напушташе теренот, голем број од навивачите му испратија голем број навреди.

Тоа траеше неколку минути, по што Де Шиљо замина со автомобил.

Тој е дете на Милан. Во овој клуб е од 2002 година, а пред 6 години дебитираше за првиот тим на Милан.

Јувентус одамна го сака, а по се изгледа дека тој трансфер е договорен, затоа што тој побара да замине од Милан.