Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ го совлада Ливерпул на домашен терен во рамки на петтото коло во групната фаза од Лигата на шампионите со 2:1, а во второто полувреме прилика да настапи за „Светците“ имаше и некогашниот напаѓач на Шалке и Стоук, Ерик Максим Чупо-Мотинг.
Камерунецот ова лето на изненадување на многумина стигна во ПСЖ, ангажиран како алтернатива за Едисон Кавани.
И додека со своите соиграчи го добиваше Ливерпул, Чупо-Мотинг е ограбен.
Имено, крадци од неговата куќа излегле со накит и рачни торби во вредност од 600.000 евра.
Навистина несекојдневна ситуација, а останува да се види дали сторителите ќе бидат пронајдени, со оглед на тоа дека не станува збор за мала сума, ниту за фудбалер на богатиот ПСЖ.