Додека Тухел и фудбалерите се уште се во шок по поразот од Јунајтед: Еден од „Светците“ лумпуваше до раните утрински часови (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед со 3:1 ја анулираше предноста која „Светците“ ја стекнаа на „Олд Трафорд“, па со 3:3 поради повеќе погодци на гостински терен одат натаму.

Тухел е видно разочаран, Нејмар збесна, но на еден фудбалер на ПСЖ не му падна тешко поради поразот на неговите другари.

Имено, играчот за врска на „Светците“, Адриен Рабио беше излезен, додека неговите колеги од клубот губеа во Париз од „Ѓаволите“.

Познато е дека Рабио е замрзнат од страна на Томас Тухел, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со клубот, па Французинот ги одработува последните денови во сегашниот клуб.

Го бараат бројни европски екипи, беше на чекор од договор со Барселона, но работите тргнаа во друга насока откако Каталонците го ангажираа Френки де Јонг.

Како и да е, јасно е дека Рабио го напушта Париз на крајот од сезоната, но исто така јасно е дека ова не му беше потебно.

Погледнете во продолжение: