Додека фудбалерите на Јуве тренираат, Роналдо ги забавува Кинезите


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кристијано Роналдо моментално е во Кина и таму покажа дел од своите вештини, додека неговите соиграчи од Јуве тренираат во САД.

Португалецот неодамна потпиша за Јувентус, но одлета во Азија каде го промовира својот бренд CR7.

Роналдо е забележан како ужива во друштвото на младина во Пекинг, додека неговите соиграчи работеа по вообичениот план во САД.

Фановите во Кина беа воодушевени поради Роналдо, кој ќе го пропушти натпреварот против Реал Мадрид бидејќи ќе ја пропушти турнејата во САД.

Јувентус во среда ќе игра против Баерн, а во сабота против Бенфика, а потоа следи дуелот со Реал Мадрид.