Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Аргентина се спаси во последното коло од квалификациите и успеа да избори пласман на Светското првенство во Русија.
„Гаучосите“ синоќа во Кито минуваа тешки моменти. Аргентина во Еквадор немаше победено од 2001 година, а на синоќешната средба славеа со 3:1 иако губеа по само 50 секунди игра. Голот за домашната селекција го постигна Ибара, но потоа на сцена стапи еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси кој постигна хет-трик.
Меси головите ги постигна во 12., 20. и 62. минута и со тоа и помогна на својата репрезентација да стигне до третото место во групата што значи автоматски пласман на Мундијалот во Русија.
Бразил го декласираше Чиле и ги остави ѕвездите Видал и Алексис Мундијалот да го гледаат од дома. Паулињо ја отвори серијата голови, а Габриел Хесус ги постигна конечните два за репрезентацијата на Бразил.
На Светското првенство освен Бразил и третопласираната Аргентина ќе играат и второпласираниот Уругвај, како и четвртопласираната Колумбија, додека Перу кој заврши на петтата позиција ќе мора да игра дополнителен бараж натпревар против Нов Зеланд.
Резултати:
Парагвај- Венецуела 0:1
Уругвај- Боливија 4:2
Перу- Колумбија 1:1
Бразил- Чиле 1:1
Еквадор- Аргентина 1:3