Дрогба: Знам двајца фудбалери подобри од Меси

Еден од најдобрите фудбалери на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба истакна дека знае двајца фудбалери кои се подобри од Лео Меси.

Сепак, напаѓачот призна дека Аргентинецот е најдобар фудбалер на денешницата, но исто така изјави дека Марадона и Пеле се пред него кога во прашање е историјата.

„Меси е легенда, посебен играч, но сепак не е на нивото на Марадона и Пеле, барем не се уште. Но искрено, не е далеку од нив. Титула на Мундијалот, ако тоа го стори со Аргентина ќе биде уште поголем“- коментираше Дрогба.