Европските гиганти во жестока битка: Талентиран Бразилец остана без клуб!

Украинскиот шампион Шахтјор објави дека Бразилецот Бернард го напуштил клубот по пет години поминати во него.

Поранешниот играч на Атлетико Минеиро остави длабока трага во Доњецк, одигра 157 натпревари и постигна 28 гола, а освои три титули во Украина, три трофеи во Суперкупот и три трофеи во Купот на Украина.

„Големо благодарам до навивачите за нивната поддршка, почит и пријателство. Би сакал сите да ве прегрнам“, кажа Бернард.

Крилниот фудбалер има 25 години, па може уште многу да понуди во најсилните европски лиги, а нема сомнеж дека наскоро гигантите ќе почнат борба за неговиот потпис.

Интер неодамна покажа интерес за неговите услуги, а според италијанските медиуми го сакаат и Милан и Лацио, а го бараат и неколку клубови од неговата татковина, но Бразилецот сака да остане во Европа.