Еден од предводниците на новата генерација на „калчо-романтичарите“ – Илија Несторовски!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во август 2016. година, тогашниот најдобар стрелец во првата хрватска лига, Илија Несторовски, го напушти Интер Запрешиќ и потпиша за италијански Палермо, кој дојде во сенка на трансферот на Алесандро Дијаманти.

Несторовски за краток период успеа да се докаже пред навивачите на Палермо со своите фудбалски квалитети и минатата зима привлече голем интерес од многу европски гиганти.

Палермо реши да го задрши, а Несторовски ја заврши сезоната како најдобар стрелец на клубот со 11 постигнати голови, но ниту тоа не му помогна на тимот да испадне од лигата.

Тогаш се очекуваше Несторовски да го напушти Палермо, но во стилот на легендарните италијански фудбалски романтичари, Несторовски остана во екипата и помогна во тимот за борбата за враќање во Серија А.

Сепак, Палермо не успеа во својата намера, остана во Серија Б каде што ќе игра и наредната сезона, но во клубот повторно остана Несторовски.

Летово, наводно, доби неколку неверојатни понуди, но и покрај тоа Несторовски реши да остане во Палермо.