Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Зинедин Зидан ја одржа својата прва новинарска конференција во 2017 година.
Тренерот на Реал Мадрид го покажа своето задоволство поради тоа што го направи со Реал Мадрид, но смета дека тоа не значи дека ја заслужува наградата за најдобар тренер во минатата година.
„Би било нормално некој друг да ја освои таа награда. Таа е за најдобрите, а јас само што започнав и морам многу да работам и да учам. Не би ме чудило да ја освојам оваа награда, но мислам дека треба некој друг да ја освои.“
„Како играч истото го мислев. Сега како тренер исто така. Единствено во што верувам е страста кон фудбалот. Тоа е едноставно мојот живот.“
Тој играше за Бордо, Реал Мадрид и Јуве, а како тренер со Реал ја освои ЛШ. Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.