Експрeсно враќање – Раниери има понуда од Серија А?!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Клаудио Раниери би можел да се врати во Италија.

Според медиумите, Палермо го сака поранешниот тренер на Лестер.

Раниери минатиот месец доби отказ во Лестер, иако минатата година направи историја со освојувањето на ПЛ.

Сега има понуда од Палермо, кој тешко дека ќе успее да го убеди, затоа што се наоѓа во зоната за испаѓање со седум бодови помалку од место кое обезбедува опстанок.

Палермо е поблиску до Серија Б отколку до опстанок во Серија А и тоа би можело да биде проблем.

Новиот претседател и наследник на Ѕампарини, Пол Бакаљини има желба да направи силен Палермо, на чело со Раниери.

Дури ниту натпреварувањето во Серија Б не му е непознато на Раниери, затоа што со Каљари и Фиорентина играше и таму и избори пласман во Серија А.

Ќе видиме дали Раниери ќе добие уште некоја примамлива понуда…