Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Левиот бек на Рома, Емерсон Палмиери доби дозвола од ФИФА да игра за Италија. Овој фудбалер поднесе барање за добивање на државјанство на Италија, за во продолжение на кариерата да може да игра за Италија и ФИФА на крајот му даде дозвола.
Емерсон играше за младите селекции на Бразил. Сепак, шанса за сениорскиот тим не доби.
Наскоро италијанско државјанство би можел да добие и играчот за врска на Наполи, Амаду Диавара. Тој поднесе барање за издавање на пасош, што наскоро би требало да му биде одобрено.
Па така 19-годишниот играч роден во Гвинеја би можел во иднина да игра за Италија.