Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Рома Франческо Тоти вчера го одигра последниот меч во дресот на Волчицата.
Натпреварот против Џенова му беше последен во дресот на клубот кој вистински го сака, а после завршувањето на мечот комплетниот Олимпико беше во солзи.
Плачеа апсолутно сите. Тоти, неговата фамилија, соиграчите и најмногу навивачите.
Легендарната десетка после чесниот круг се појави на центарот каде што одржа емотивен говор.
„Се чувствувам како на концерт. Дојде моменот за кој мислев дека никогаш нема да дојде. Емотивно го доживеав се ова и како е испратено моето простување. Овие 25 години не можат да бидат заборавени и тешко беше да се донесе ваква одлука
“, рече Тоти, и додаде:
„Благодарам на Рома! Благодарам на мојата фамилија и големо благодарам на навивачите. Ова не е сон, веќе реалност. Сега е навистина готово, последен пат во овој дрес. Среќен сум и горд на овие 25 години љубов. Ве сакам сите вас“, рече Тоти.
Во дресот на Рома дебитираше во 1993 година, а за клубот одигра вкупно 786 натпревари.