Еуфорија во Англија: Премиерлигашите сонуваат за пет тимови во ЛШ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некои медиуми пишуваа дека шест клубови од Англија ќе играат во Лигата на шампиони (ЛШ), но такво нешто нема да се случи, зашто премиерлигашите може да сметаат само на пет места во елитното натпреварување, а постојат неколку сценарија.

Англиските клубови играат одлично во Европа сезонава, па имаат максимален број на учесници во четвртфиналето, односно сите четири тима, а тоа е првпат по десет години.

Арсенал и Челси се во Лига Европа (ЛЕ), а ако англиските тимови триумфираат во двете натпреварувања, се појавија информации за шест тима во ЛШ, но тоа нема да се случи.

Ако освојувачот на ЛШ биде под топ 4, на пример Тотенхем, што е малку веројатно, но освојувачот на ЛЕ биде четврти, тогаш Англија ќе има пет претставници во ЛШ.

Исто така, ако Тотенхем ја освои ЛШ и биде надвор од топ 4, а Арсенал или Челси триумфираат во ЛЕ и победникот биде петти или шести, тогаш четвртопласираниот повторно ќе игра во ЛЕ.