„Жал ми е што се вратив во Рома“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Спалети призна дека направил грешка кога го превземал тимот во јануари 2016-та година.

Овој 58-годишен тренер се врати во тимот како голема надеж на управата во борба за титули, но покрај Јувентус тие за Рома не беа на дофат.

Така е и оваа сезона, Рома ќе остане без трофеи, а Спалети е разочаран поради се што се случуваше.

„Многу сум разочаран после се. Да можам да го вратам времето, не би прифатил да ја водам Рома.“

Медиумите го прашаа дали тој ќе замине на крајот на сезоната.

„Не сакам да зборувам за тоа. Ќе ви кажам на крајот на сезоната.“

Спалети, според медиумите, најверојатно на крајот на сезоната ќе замине до тимот, но се чека негова конечна одлука.