Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар истакна дека не бил во потполност подготвен за мечот против Ливерпул во Лигата на шампионите, но дека морал да игра.
ПСЖ славеше синоќа на домашен терен против Ливерпул со 2:1 и се најде на второто место на табелата, а Нејмар истакна дека играл повреден. Тој го постигна вториот погодок, а играчите на Ливерпул го обвинија дека често симулирал во текот на мечот.
„Не бев 100 процентен, но тоа беше важен меч. Повреден или не, немаше шанси да го пропуштам. Тоа беше вистинска битка. Среќен сум што победивме, покажавме вистински дух, што беше клучно. На сите им покажавме дека сме одлучи што е можно понатаму во Лигата на шампионите“, истакна Нејмар пренесоа француските медиуми.
ПСЖ во последното коло на 11. декември ќе играат во Белград против Црвена Звезда.
На табелата во групата Ц, Наполи е првопласиран со 9 бодови, ПСЖ има бод помалку, Ливерпул е на третата позиција и има шест бодови, а Звезда е последнопласирана со четири бодови.