Закажано е историското „Ел Класико“!


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Шпанските гиганти прв пат во историјата ќе играат „Ел Класико“ на летните подготовки.

Шпанските медиуми потврдија, Барселона и Реал Мадрид на 29-ти јули оваа година ќе одиграат пријателски натпревар во Мајами.

Последните години, ривалството на Барселона и Реал добива нова димензија, но тоа не ги спречува да одиграат и еден пријателски натпревар.

Љубителите на фудбалот во Мајами ќе имаат убава шанса да уживаат во овој натпревар.

Интересно, Барселона ќе ги има најтешките подготовки на американската турнеја затоа што игра со Јувентус, па со Манчестер Јунајтед.