Зидан даде зелено светло за заминување на Родригез!

Џејмс Родригез на крајот од сезоната заминува од Реал Мадрид, пишуваат денеска медиумите во Шпанија.

Родригез веќе некое време ја грее клупата на Реал Мадрид а своето незадоволство и го покажува и тоа го натера Зидан да побара од управата да биде продаден.

Зидан како што е познато во тимот не сака да има незадоволни играчи, а најверојатно Родригез ќе биде понуден на Челси плус пари за Азар.

Оваа сезона одигра 24 натпревари и постигна 5 погодоци, а во Реал дојде во 2014 од Монако за 80 милиони евра.

Челси, ПСЖ, Јунајтед, Интер и Арсенал се заинтересираните за 25 годишниот играч.