Ибрахимовиќ одговори на шпекулациите за негов трансфер во Милан

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ реши да одговори на шпекулациите за негов потенцијален трансфер во Милан.

Ибра на почетокот на годината се пресели во Лос Анџелес галакси и покажа дека може да игра врвно.

Сепак, италијанските медиуми во претходните денови шпекулираа дека ќе се пресели во Милано.

„Секогаш постојат шпекулации и знам дека цел свет ме сака, а тоа е нормално за мене“, кажа Ибра.

Да потсетиме, Ибра играше во Милан две години и постигна 56 голови на 85 натпревари.