Игуаин нема да игра против Торино?

Масимилијано Алегри ќе одмори неколку фудбалери во натпреварот против Торино во рамки на Серија А.

Јувентус има простор да експериментира во Серија А, нивната предност е голема, а титулата може да ја освојат уште против Торино.

Алегри потврди дека ќе има измени, а најави дека ќе брани Нето наместо Буфон.

Изгледа дека нема да игра и Игуаин, а Манџукиќ ќе оди во нападот. Дибала останува на својата стандардна позиција.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Торино се игра од 20:45.