„Игуаин ќе ги почуствува последиците поради својот избор“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот италијански фудбалер, Никола Аморусо кажа дека Игуаин ќе ги почуствува последиците поради својот избор кога Јувентус во недела ќе гостува кај Наполи.

Тоа ќе биде прв пат тој да се врати на стадионот, откако го напушти Наполи минатото лето и премина во Јувентус за 90 милиони евра.

„Игуаин е шампион и два многу тешки натпревари го чекаат во Наполи.“

Аморусо додаде дека неговото доаѓање се очекува како предаство, но во три години колку што играше за Наполи имаше добри игри.

„Игуаин ќе ги почуствува последиците поради неговиот избор.“

Навивачите на Наполи најавија пекол за Игуаин од моментот кога авионот на Јувентус ќе пристигне.