„Изненаден сум од успехот на Челси!“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тибо Куртоа призна дека не може да верува на формата на Челси.

Челси во моментов има 13 победи по ред во сите натпреварувања и има шанси со победа против Тотенхем да се одалечат 8 бодови од Ливерпул.

„Ова е многу подобро од тоа што очекувавме, особено ако ја земеме во предвид минатата сезона. Мислам дека немавме ваков успех ниту пред две сезони кога бевме шампиони, но мора да продолжиме вака.“

Тој го пофали и Конте и неговиот 3-4-3 систем на игра.