Изненадувачко име вметнато во составот на Ливерпул за Лигата на шампионите


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул го вклучија и Алекс Окслејд Чемберлејн во тимот кој го пријавија за нокаут фазата од Лигата на шампионите.

25 годишниот фудбалер заработи тешка повреда во април минатата година на натпреварот против Рома во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Повредата бараше оперативен зафат по повредата на десното колено во кое беа оштетени вкрстените лигаменти.

Се очекува дека англискиот репрезентативец ќе заигра за Ливерпул до крајот на сезоната, меѓутоа тешко е за верување дека ќе биде во можност да му помогне на тимот за осминафиналните пресметки со Баерн Минхен.