Интер го посакува Ауриер

Откако не успеа во намерата да го донесе Матео Дармиан од Манчестер Јунајтед, Интер ќе се насочи кон Серж Ауриер од редовите на ПСЖ.

Ауриер веќе подолго време не е прв избор во францускиот тим и ја дели минутажата со белгискиот репрезентативец Томас Меуниер, па не би имал ништо против да го напушти градот на светлината.

И од редовите на ПСЖ се отворени за продажба на репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, а интерес за него има и од редовите на Манчестер Јунајтед и Челси.