Интер договори засилување за ова лето?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Како што пренесуваат странските медиуми, екипата на Интер се договори со играчот на Рома, Костас Манолас кој на лето ќе замине во Интер.

Goal.com тврди дека Манолас ја прифатил понудата од Интер да заработува 4.5 милиони евра по сезона и договор до 2022.

Манолас го сакаа Арсенал, ПСЖ и уште неколку европски великани, но Интер беше најконкретен во оваа трка и останува уште да се договори со Рома.

Римјаните одбија понуди од 44 милиони евра, па останува да видиме што ќе се случи.

Манолас во Рома пристигна летото 2014 од Олимпијакос за 15 милиони евра.