Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комплетирани се сите натпревари од вечерашната програма од 4. коло од Лигата на шампионите.
Една од дерби пресметките беше одиграна на „Џузепе Меаца“ помеѓу Интер и Барселона. Каталонците доминираа во текот на целиот натпревар, но за првиот гол чекавме до 83. минута.
Малком го отвори резултатот со својот прв погодок во дресот на Барселона, додека резултатот го израмни најдобриот играч на Интер, Мауро Икарди само четири минути подоцна.
Наполи на „Сан Паоло“ го дочека тимот на ПСЖ и остана непоразен. На крајот резултатот беше 1:1 со што до самиот крај се остава отворено прашањето кој ќе се пласира во нокаут фазата од групата Б.
Парижаните водеа по првиот дел со голот на Бернат во судиското продолжение, а работите на почеток ги врати Лоренцо Инсиње со гол од пенал во 63. минута.
Резултати:
Атлетико Мадрид- Борусија Дортмунд 2:0
Интер- Барселона 1:1
Наполи- ПСЖ 1:1
Порто- Локомотив Москва 4:1
Шалке- Галатасарај 2:0
Тотенхем- ПСВ 2:1