Кажете збогум на фудбалот кој сите го сакавме – Вака ќе изгледа новата Серија А!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Измените се подготвени, иако има и такви кои не се логични.

Не помина предлогот во наредните сезони лигата да биде намалена на 18 тимови. Тоа би било логично, со оглед на квалитетот, а се виде и оваа сезона дека Палермо, Пескара, а најверојатно и Кротоне дека не им е местото во Серија А.

Но остануваат 20 тимови, благодарение на УЕФА од наредната сезона 4 тимови ќе одат директно во ЛШ, а тоа е шанса за Милан и Интер да се врата на големата сцена.

Според планот кој треба да биде имплементиран, се ќе биде разделено од петок до понеделник, со 2 термини. Јасно е дека станува збор за барање на телевизиите, но и желбата 2 натпревари да бидат пренесувани во Азија.

Во сабота натпреварите ќе бидат на програмата како и во последните неколку сезони, еден ќе се игра од 18 часот, а другиот од 20:45.

Следи натпревар во недела од 12:30, против кој се бунеа сите навивачи, а во недела од 15 часот ќе бидат одиграни само 3 натпревари.

Еден ќе биде резервиран за недела од 18 часот, а другиот за 20:45.

Колот се затвора во понеделник со натпревар од 20:45.

Со други зборови, целта е што повеќе натпревари да бидат пренесувани на телевизија. За гледачите надвор од Италија, можеби е најдобро, но се проценува дека ваквиот распоред ќе го намали бројот на навивачи на трибините.