Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кошаркарот на Сакраменто, Демаркус Казнс се наоѓа пред суспензија, бидејќи во понеделник во натпреварот со Чикаго стигна до 16-та техничка грешка оваа сезона.
Казнс поточно во поразот од Чикаго доби 2 технички грешки и така ја премина границата до која не му следува казна.
Според правилата на НБА лигата, кога играч ќе добие 16 технички грешки, автоматски му следува суспензија од 1 натпревар.
Казнс првата техничка грешка ја доби кога го турна помошникот тренер на Чикаго, а потоа е исфрлена на секунда до крајот на натпреварот по караницата со судијата.
Доколку комисијата на НБА процени дека двете технички се досудени правилно, тој нема да игра против Бостон во среда.
Тој натпреварот против Чикаго го заврши со 18 поени, 14 скокови и 5 асистенции.