Казорла го избра најдобриот тим на Арсенал на сите времиња

    Играчот за врска на Арсенал, Санти Казорла, се одлучи да го избере својот најдобар тим на Топџиите на сите времиња.

    Шпанскиот фудбалер во Арсенал стигна од Виљареал, и веќе неколку сезони со доста успех го носи дресот на лондонскиот клуб.

    Казорла денеска беше гостин во Арсенал ТВ, и се одлучи да го избере најдобриот тим на Топџиите на сите времиња.

    Во тимот на Казорла за најдобар тим на Арсенал се наоѓаат: Дејвид Симан, Патрик Виера, Тони Адамс, Сол Кемпбел, Бакари Сања, Ешли Кол, Месут Озил, Жилберто Силва, Роберт Пирес, Денис Бергкамп и Тиери Анри.